Centar.mk
ЛОКАЛНО

Санкционирани 143 непрописно паркирани коли на територија на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 143 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 05.12. до 11.12.2022 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 62 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 81 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: 36 хористи од „Кочо Рацин“ наградени за триумфот во Херцег Нови, Центар пее гордо!

ДЕСК

Искористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина Центар

ДЕСК

ДВА ДЕФЕКТА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА – Делови од Радишани и други скопски улици без вода

ДЕСК