Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Апсења на неколку локации низ Скопје – паднаа познати криминалци

Денеска (12.12.2022) во 13.10 часот на ул.„Бутелска“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Л.(32) од Скопје. За него била распишана централна потерница по наредба од ОЈО-Скопје за издржување мерка притвор за сторено кривично дело по член 237 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на мерката притвор.

Денеска (12.12.2022) во 13.00 часот на ул.„Боро Менков“ во Скопје, полициски службеници од Тим потраги од Одделенијата за криминалистички работи Ѓорче Петров и Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Е.С.(35) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТВРТОК ЌЕ БИДЕ НАЈКРИТИЧЕН: Се очекуваат дожд, грмежи, ветер и можен град

ДЕСК

ПУКАНО КОН ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ВО ГАЗИ БАБА: Скопјанец приведен по бегство

ДЕСК

ИТНАТА ПОМОШ ПРИЈАВИЛА СЛУЧАЈ ВО СВР СКОПЈЕ: Маж пронајден починат во хотел

ДЕСК