Centar.mk
БИЗНИС

Инвестирање во обновливи извори на енергија: Хрватска ја доби НАЈГОЛЕМАТА СОЛАРНА ЕЛЕКТРАНА во Европа

За околу 10 дена во хрватското Министерство за економија и одржлив развој ќе бидат отворени понуди за енергетски капацитети на подрачјето на општина Проложац.

Станува збор за вкупно 3,7 милиони квадратни метри, или 370 хектари (ха) земјиште погодно за инсталирање соларни централи. Ова би можело да ја направи оваа област една од најголемите соларни централи во светот.

За споредба, веројатно најголемата електрана во светот Енел Груп Вилануева во Коахуила, Мексико има капацитет од 2.000 GWh годишно, составена од 2,5 милиони соларни панели и распространета на 2.400 хектари.

Најголемата европска централа за SE е во Шпанија, која има моќност од 328 MW и се шири, со своите 850.000 модули, на над 220 хектари. Таа инвестиција беше вредна 250 милиони евра, а електраната обезбедува доволно струја за речиси 200.000 домаќинства.

Иако неофицијално се шпекулира дека има неколку европски играчи во игра за оваа земја, познато е дека веќе постои студија за СЕ Проложац на инвеститорот ВСБ Обновљива енергија Хрватска, која планира да изгради проект за соларна централа со моќност од 11,25 MW и приклучна моќност од 10 MW.

Проектот ќе опфати 25 ха, од кои самите панели отпаѓаат на 14,3 ха. Ако се спореди овој проект со вкупното земјиште, јасно е дека на тој простор има капацитет за околу 15 вакви соларни централи за вкупна инсталирана моќност од најмалку 150 MW, пишува Пословни дневник.

Можеби ќе ве интересира

Нафтата достигна 112 долари за барел

ДЕСК

Пензионерите идниот месец ќе добијат покачени пензии за 1.000 денари – Дали е тоа доволно?

ДЕСК

За три месеци минималната синдикална кошничка се покачила 2.326, а минималецот ќе се зголеми за 1.667 денари

ДЕСК