Вечната дилема е што да се направи за ручек, а условите се тој да биде вкусен, здрав и брзо подготвен.
Тестенините се секогаш добар избор, а во продолжение ви пренесуваме рецепт кој сигурно ќе ви се допадне.
Состојки:
- половина dcl. маслиново или сончогледово масло
- 100 гр кромид
- 1 мала лажица сол
- 100 гр моркови
- 30 гр магдонос
- 1 чешне лук
- 200 гр брокула
- 200 гр шампињони
- 1 пиперка
- 200 гр домати
- малку слатка пченка
- малку пиперка
- 300 гр тестенини
Подготовка:
Во маслиновото масло додадете ситно сечкан кромид, посолете и пржете/варете 5 минути. Додадете ситно сечкан преостанат зеленчук и зачини и продолжете со динстањето следните 10 минути, покријте со 1,5 dcl вода и продолжете уште 5 минути. Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето и измешајте ги во садот.
Послужете веднаш топло, посипете со малку пармезан по желба.
Послужете со вашиот омилен пијалок. Пријатно!