Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

291 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (04.12.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 291 возач. Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 192 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 99 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Мајка и син пријавени за даночно затајување: Примиле 579.015 евра од Германија

ДЕСК

Мицкоски: Со m.Uslugi до помалку шалтери, помалку документи и побрзи услуги за граѓаните

ДЕСК

Приведени четири лица осомничени за разбојништвата со последица смрт во Хром и Ѓорче Петров

ДЕСК