Centar.mk
БИЗНИС

Специјална награда за Туристичко-угостителската комора на „Балкански награди на туристичката индустрија 2022 година“

Претседателот на Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, Аркан Керим е добитник на Специјална награда за посебен придонес и достигнувања во работењето на полето на туризмот на Балканот на престижната манифестација „Балкански награди на туристичката индустрија 2022 година“ која се одржа вчеравечер во Софија. На доделувањето на наградите и признанијата на најуспешните туристички работници од регионот присуствуваа највисоки претставници на институции, хотелиери, туристички агенции и туристички менаџери од балканската туристичка индустрија. Осмото издание на годишните награди за балканската туристичка индустрија се одржува во балската сала на хотелот Премиер Софија.
„Добивањето на оваа специјална награда е голема чест за мене како претседател на ТУК но и признание за постигнатиот успех на комората која ја водам во изминатиот период. Верувам дека бизнисите, посебно туризмот може да бидат мост за соработка и приближување меѓу двете земји посебно во овие турбулентни времиња во односите помеѓу нашите две земји и затоа тајмингот на добивањето на наградата е одличен и испраќа позитивни сигнали за туристичките работници од двете соседни земји Бугарија и РС Македонија. Во изминатата година направивме промени во функционирање на комората кои се препознаени и признаени“, истакна Керим, кого организаторите на манифестацијата го препознаваат како еден од најголемите водечките авторитети во туризмот во регионот.
Керим е претседател на ТУК во втор мандат, а воедно е и сопственик на туристичката агенција „Генералтурист“ и на „Г Хотел“. За достигнувањата на ТУК, Керим изрази и посебна благодарност до потпретседателите на комората, Управниот одбор како и целиот тим.
Туристичко-угостителската комора како самостоен правен субјект е формирана во 2008 година под капата на Сојузот на стопански комори, кој е најголема деловна мрежа во нашата држава, а чија мисија е постојано да ја зголемува конкурентноста на компаниите, да го унапредува македонското деловно опкружување и да овозможи побрз и полесен пристап на своите членки на глобалниот пазар.
ТУК се формираше заради потребата од поврзување на различните субјекти од секторот, кој е еден од двигателите на домашната економија и со најголем потенцијал за брз развој. Комората во изминатите 14 години се издигна како највлијателна комора кој навремено и таргетирано ги координираше и артикулираше потребите на компаниите од туристичкиот сектор. Активностите на Комората се насочени кон развој и унапредување туристичкиот сектор, развој на нови трендови во угостителскиот сектор како и кон заштита на интересите на деловните субјекти од овој сектор. ТУК го презентира туристичкото стопанство на сите светски етаблирани саеми, а во партнерски однос со институциите се залага сите членови да имаат пристап до ликвидни средства за раст на компаниите и за проширување на делокругот на активности. Туристичко-угостителската комора е организирана во пет посебни сектори угостителство, транспорт, туристички агенции, хотелиерство и обука на кадри за туризмот, а се воспоставија и регионални претставници во повеќе градови од државата за да има рамномерен пристап и според дејности и територија.
Минатата година земјава беше на петто место во светот како дестинација со најголем раст на странски туристи, меѓу кои и Црна Гора, Кипар, Малдивите и Босна и Херцеговина. Оваа година во периодот јануари – септември 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 37 %, и тоа кај домашните туристи има зголемување за 4.3 %, а кај странските зголемувањето е за 88.2 %, што се одлични резултати и се мотив да се работи повеќе во наредниот период.

Можеби ќе ве интересира

Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на “Алкалоид” при официјалната посета на владина делегација на компанијата

ДЕСК

Убава вест: Ново поевтинување на дизелот

ДЕСК

Средба Димитриеска-Кочоска-Винички: Поддршката за буџетските процеси од Трезорот на САД е клучна за реформите во управувањето со јавните финансии

ДЕСК