Centar.mk
ЛОКАЛНО

Денеска ќе се промовира сензорна соба во Песталоци

Од четврток, 01.12.2022 година, ООУ „Ј. Х. Песталоци“- Центар ќе има на располагање сензорна соба опремена со мноштво на дидактички материјали, сензорни елементи и рехабилитациско-рекреациска опрема за работа со учениците од ова училиште, особено со учениците со интелектуална попреченост, со комбинирани пречки, учениците од аутистичниот спактар, со АДХД и др.

Оваа активност е спроведена како дел од Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од Европската Унија и претставува уште една активност во насока на подобрување на инклузивноста на основните училишта во државата.

Од овој аспект, чест ни е да Ве поканиме на отворањето на оваа сензорна соба кое е закажано за четврток, 01.12.2022 година во 10:30 часот и каде потврдено присуство имаат:
– Градоначалникот на Општина Центар, г-н Горан Герасимовски и други претставници од општината
– Директорот на училиштето ООУ „Ј. Х. Песталоци“, г-ѓа Катерина Атанасова
– Претставници од Фондацијата „Чекор по чекор“, претставници од Здружението „Хандимак“ и претставници од Здружението „Инклузива“ кои го спроведуваат проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Можеби ќе ве интересира

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК