Денеска присуствував на завршните градежни работи од изградба на гасоводот од Куманово до Битола во должина од 188 километри, се исполнува проектот за целосна гасификација на државата, посочи претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва во Куманово на трибината „Силно и одлучно кон иднината“.
„Создадовме можност преку законски измени, на секој граѓанин и компанија најбрзо и со едноставни процедури и по поволни услови, да може да постават сопствени фотонапонски електроцентрали за производство на струја. Тоа е показател каде одиме како општество, тоа е показател дека и ги следиме глобалните трендови кон обновливи извори на енергија“ порача Ковачевски.
Тој истакна дека е горд што неговиот економски план и во услови на криза создава предвидлива бизнис клима и поддршка на компаниите кои работат на раст и развој и отворат нови работни места.
„Резултатот на овие економски политики се 1.700 нови работни места само во изминативе неколку месеци. Само в о првите десет месеци од годинава во компаниите во технолошко индустриските развојни зони, се отворени над 2.000 нови работни места, а бројот на вработени во нив, за првпат се искачи над 16.000“ заклучи претседателот Ковачевски.