Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Центар за македонски јазик е регистриран во Грција

Овој месец Центар за македонски јазик и официјално е регистриран како невладина организација (НВО) од страна на судските власти во Грција.

Од Центарот за македонски јазик во Грција велат дека во земјата и де факто е признато македонското говорно население.

Судската документација на грчките правосудни органи и официјално ја наведува организацијата со нејзиниот назив на македонски јазик – при тоа користејќи го и македонското кирилично писмо.

Сакаме да нагласиме дека во случајов станува збор за прва невладина организација во Грција, која директно ќе се грижи за македонскиот јазик и која законски е регистрирана од страна на грчките државни органи. Овој чин претставува де факто признавање на македонското говорно население во Грција, велат од Центарот за македонски јазик.

Барањето за регистрација на организацијата беше одобрено од страна на судот на 28 јули 2022 година, додека одлуката беше објавена во Билтенот за судски одлуки и публикации на 7 ноември 2022 година

Можеби ќе ве интересира

До крајот на работната недела сонце, а потоа промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Агресивно се однесувал кон полицајци – веднаш е приведен

ДЕСК

Отишол во полиција и побарал да му извадат уште една возачка дозвола – еве што му се случило потоа

ДЕСК