Centar.mk
ЛОКАЛНО

Пачешкоски: Борче Јовчески покажа дека е недораснат да ја извршува функцијата за која е избран

Прес конференција на Зоран Пачешкоски, претседател на СДСМ Прилеп:

Од првиот ден на неговото седнување во градоначалничката фотелја, Борче Јовчески покажа дека е недораснат да ја извршува функцијата за која е избран.

Вчера на виделина излезе уште една негова карактеристика – лицемерието, кое умешно го криеше под превезот на наводната „наивност“.
Цели 13 месеци вината за својата неспособност да ги решава проблемите на граѓаните, Борче Јовчески ја префрлаше на други места.
Виновни му беа Владата, опозицијата, претходната локална власт, општинската администрација… Сите, само тој не!
Откако градоначалникот цела година не собра храброст да тропне на вратите на Владата и министерствата, вчера во Прилеп на „гости“ му беше дојдена, буквално, половина Влада.

Можеби ќе ве интересира

ДЕЛ ОД СКОПЈЕ ВО СРЕДА БЕЗ СТРУЈА – Објавени улиците и часовите на прекините

ДЕСК

СКОПЈЕ ПОВТОРНО БАРА СПАС ОД ЗАГАДУВАЊЕТО – Катастар на оџаци и електрични автобуси

ДЕСК

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека со силна динамика се уредува новиот мега парк во Карпош на местото на децениската огромна дива депонија.

ДЕСК