21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Спасовски на прием по повод Денот на даночните работници “Св. Матеј”

– Вечерва, на покана на директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, присуствував на прием по повод Денот на даночните работници „Св. Матеј“. Во оваа прилика упатувам срдечни честитки до оваа стожерна институција кога станува збор за финансискиот систем, но уште повеќе – институција од која што зависи нормалното економско живеење на општеството, во целина. Честитики упатувам, секако, и до сите даночни работници во нашата држава, имајќи предвид дека благодарение на нивната работа, државата успева да ги реализира своите политики во функција на граѓаните, со цел да ги добијат услугите за јавно здравје и безбедност, инфраструктура, истражувања, од јавни училишта и универзитети, преку транспорт и паркови, до безбедна вода за пиење, соопшти Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

– Продолжете да ја докажувате вашата стручност и квалитет, како и досега, со желба за понатамошен професионален развој и надградба, согласно со реалните потреби на граѓаните, на правните субјекти, на општеството во целина, унапредувајќи ги нивото и стандардите на своето секојдневно работење. Нека е честит Денот на даночните работници „Св. Матеј“!, вели Спасовски.