3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Апсења на скопскиот аеродром и повеќе локации низ Скопје

Серија апсења низ Македонија се случиле изминатиот ден, соопшти Министерството за внатрешни работи, пренесуваме дел од полицискиот извештај за денеска:

На 26.11.2022 во 23.20 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава

На 26.11.2022 во 20.35 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(35) од Македонски Брод, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.11.2022 во 21.45 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.11.2022 во 02.50 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Л.А.(45) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени прашкаста материја и воздушен пиштол “глок“. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.11.2022 во 21.10 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.К.(23) од Гостивар, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.11.2022 во 08.50 часот на Граничниот премин “Меѓународен аеродром“-Скопје“ при влез во РСМ, при извршена пасошка контрола констатирано било дека Ј.Ф.(27) од Р.Турција евидирал во оперативна евиденција со мерка “апси“ по барање од Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

На 27.11.2022 во 01.15 часот на ул.“Втора Македонска бригада“ во Скопје, на паркинг пред спортска сала, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода Н.Ј.(47) од Скопје, затоа тоа што кај него биле пронајдени и одземени прашкаста материја и пиштол “берета“ за кој не поседувал дозвола.. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.11.2022 во 22.45 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Н.(44) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Гази Баба, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и семки од канабис. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.11.2022 во 12.50 часот на Граничниот премин “Табановце“ лишен од слобода е Л.Б. (26) од Р. Албанија затоа што приложил туѓа грчка лична карта на име на Р.А.(25) од Р.Грција. При извршен преглед кај него била пронајдена албанска патна исправа на име Л.Б.(26) од Р.Албанија. Тој е лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.