Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Бизнис

Гувернерката Ангеловска-Бежоска ги презентира макроекономските проекции пред дипломатскиот кор и меѓународните организации-Забавување на инфлацијата следната година, на среден рок, се очекува дека ќе се врати на 2%

Гувернерката Ангеловска-Бежоска ги презентира макроекономските проекции пред дипломатскиот кор и меѓународните организации-Забавување на инфлацијата следната година, на среден рок, се очекува дека ќе се врати на 2%

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска ги претстави најновите макроекономски проекции на Народната банка пред дипломатскиот кор и пред претставниците на меѓународните институции. На настанот, кој се организира редовно по секој нов циклус макроекономски проекции на НБ, присуствуваа претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Обединетите нации (ОН), Програмата за развој на ОН (УНДП), Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), делегацијата на Европската Унија (ЕУ), како и на дипломатските претставништва на Албанија, Бугарија, Германија, Грција, Кина, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Унгарија, Франција, Холандија, Хрватска, Швајцарија, Шведска и на Шпанија.

На презентацијата беше посочено дека нарушувањата на понудата поради војната во Украина, застоите во глобалните синџири на снабдување и логистика и повисоките производствени трошоци предизвикани од повисоките цени на енергијата предизвикуваат раст на цените на храната на светските берзи. Ваквите ценовни движења на светските берзи се пренесоа и во домашната економија, имајќи предвид дека сме исклучително отворена економија (140% од БДП). Тргнувајќи од фактот дека цените на храната и енергијата кај нас формираат три четвртини од вкупната инфлација годинава, Народната банка изврши нагорна ревизија на инфлацијата за оваа година на 14,3%.

Сепак, како што посочи гувернерката Ангеловска-Бежоска на презентацијата, најновите проекции за движењата на светските пазари навестуваат постепено стивнување на ценовните притисоци од увозните цени, при што се очекува дека цените на храната и на нафтата ќе забележат пад во текот на наредната година. Следствено на ова, како и под влијание на најавените мерки за субвенционирање на цената на електричната енергија за прехранбената индустрија од страна на државата и ефектите од постепеното затегнување на монетарната политика, во 2023 година се предвидува забавување на инфлацијата на околу 8% – 9% на годишна основа. На среден рок се очекува стабилизирање на инфлацијата и сведување на историските стапки од околу 2%, односно 2,4% и 2% во 2024 и 2025 година. Дотогаш се очекува дека целосно ќе се исцрпат на ефектите од тековниот пораст на цените на примарните прехранбени и енергетски производи на светскиот пазар, а под претпоставка дека нема да има нови шокови на страната на понудата.

Гувернерката посочи дека уште од минатата година Народната банка започна со затегнување на монетарната политика преку низа инструменти, заради стабилизирање на инфлациските очекувања, пред сè преку интервенција на девизниот пазар со која оптимално се регулира ликвидноста којашто е во оптек. Годинава, централната банка продолжи со интервенции кај каматната стапка, така што покрај основната каматна стапка, се изврши зголемување и кај каматната стапка на кредитите преку ноќ, депозитите преку ноќ и на седумдневните депозити. Имаше реакција и преку задолжителната резерва, со мерки коишто би требало да влијаат позитивно врз склоноста за штедење во домашна валута, а беше активирана и мерката за воведување противцикличен заштитен слој, како превентивна мерка за одржување на финансиската стабилност.

На презентацијата беше посочено дека неповолното надворешно опкружување, видливите ефекти од кризата врз дел од домашните производствени капацитети при зголемени производствени трошоци, главно поврзани со енергијата, како и намалената куповна моќ на населението, се фактори коишто влијаат за надолна корекција на растот за 2022 и 2023 година. Очекувањата за растот на македонската економија е дека тој ќе забави годинава и догодина, како што, впрочем, се очекува и за глобалната економија. Според основното сценарио на НБ, стапките на раст изнесуваат 2,3% и 2,6% за 2022 и 2023 година, додека со алтернативното сценарио се очекуваат стапки на раст од 2% и 1,8%, соодветно за оваа и за следната година. На среден рок, се предвидува забрзување на економскиот раст на 3,6% во 2024 година и 4% во 2025 година.

Се очекува банкарскиот сектор и понатаму да обезбедува поддршка за економијата, при што во претстојниот период се предвидува натамошен раст кај кредитирањето, иако со поумерена динамика. Се очекува дека растот на кредитите во 2022 година ќе изнесува 9,2% на годишна основа, што би значело одредено забавување на кредитирањето во втората половина на годината, под влијание на очекувањата за послаба економска активност, зголемената неизвесност, умерениот раст на депозитната база и одреден ефект од мерките на Народната банка преку позатегната монетарна политика. Кредитниот раст, како и досега, ќе биде поддржан од растот на депозитите, како главен извор на финансирање. Благодарение на мерките што ги презеде Народната банка, растот на депозитите продолжи и се очекува до крајот на 2022 година да достигне до 3,9%. На среден рок, со засилување на економската активност, се очекува раст на депозитите од околу 8% во периодот 2024 – 2025 година.

Можеби ќе ве интересира…

  • Biznispro.com
  • Вести +
  • Жена
Нова цена на горивата – Се очекува поевтинување

Утре Регулаторната Комисија стандардно како и секој понеделник треба да донесе одлука за утврдување на нови цени на горивата, кои ќе важат од вторник. На светските берзи цените на нафтата… Прочитај повеќе

Денеска РКЕ ќе стокми нова цена на горивата

Денеска Регулаторната Комисија за Енергетика стандардно како и секој понеделник треба да донесе одлука за утврдување на нови цени на горивата, кои ќе важат од вторник. Во моментов бензините се… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе