Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Груби оствари средба со грчката амбасадорка, Филипиду

Скопје, 24 ноември – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денеска оствари средба со амбасадорката на Република Грција, г-ѓа Софија Филипиду, на која и посака успех во новиот мандат.
На средбата се разговараше за уставните измени, интеграцијата во Европската Унија, владината коалиција, спроведувањето на Договорот од Преспа и состојбите во регионот.

Уставните измени се оценети како неопходни поради тоа што се услов за продолжување на европскиот пат.

Груби оценува дека во овој обемен консултативен процес треба да се разгледат сите недостатоци на Уставот и да се вклучат уставните експерти, медиумите, граѓанскиот сектор, политичките партии и универзитетските професори.

Понатамошната интеграција на Западен Балкан во Европската Унија е дополнителна гаранција за стабилност и просперитет во овој дел од Европа, а Грција продолжува да ја дава својата поддршка за завршување на интегративниот процес.

Функционирањето на владината коалиција беше и дел од разговорот меѓу Груби и амбасадорката Филипиду, при што беше истакнато дека европскиот пат бара заеднички фронт кој мора да биде поддржан од сите прогресивни сили.

Грција е силно посветена во поддршка на Република Северна Македонија преку целосно спроведување на Преспанскиот Договор.
На средбата станало збор и за ситуацијата во регионот, при што Груби го поздравил постигнатиот договор меѓу Косово и Србија во Брисел, нагласувајќи ја итната потреба од меѓусебно признавање како единствено можно решение за спорот.