6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Шефот на Бундесбанк: Цените ќе продолжат да растат, инфлацијата ја кочи личната потрошувачка

Високата инфлација во еврозоната ја кочи личната потрошувачка, а цените веројатно ќе продолжат силно да растат уште некое време, предупреди гувернерот на германската централна банка, Јоаким Нагел.

„Би сакал да верувам дека ќе видиме подобри бројки на инфлација“, рече Нагел.

Податоците сепак покажуваат дека стапката на инфлација ќе биде висока уште некое време, додаде гувернерот на Бундесбанк.

Цените на нафтата паднаа минатата недела, а растот на цените на производителите во Германија се намали во октомври, со стапка на раст од 34,5 отсто, по скокот од 45,8 отсто во септември и август.

Ова ги поттикна надежите дека инфлацијата може да се намалува.

Гувернерот на германската централна банка нагласува дека стапката на инфлација во Германија најверојатно ќе остане висока и следната година, проценувајќи дека таа „веројатно“ во просек ќе биде околу седум отсто.

Високата инфлација е тежок товар за целата еврозона, нагласи Нагел.

„Огромниот нагорен притисок врз цените има широка основа и ја кочи побарувачката, особено личната побарувачка“, рече тој..

Тој додаде дека Европската централна банка (ЕЦБ) повторно ќе ги зголеми каматните стапки во декември за да ја намали инфлацијата на планираните два проценти на среден рок.

Спонзорирано: