Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Бизнис

Бесими: Бордот на ММФ го одобри ПЛЛ, со тоа и првата транша oд 110 милиони евра

23 ноември 2022, Скопје – Република Северна Македонија ја добива првата транша од 110 милиони евра од вкупно одобрените од Меѓународниот монетарен фонд преку Инструментот за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ). Средствата стануваат достапни откако Одборот на директори на ММФ ја одобри двегодишната програма на РС Македонија во рамки на Инструментот за претпазливост и ликвидност.

„Политиките што ги спроведуваме овозможија пристап на земјата до овој Инструмент, што овозможува обезбедување средства по многу поповолни услови од она што е актуелно на финансиските пазари. Тоа значи обезбедени се средствата за политиките планирани со Ребалансот на буџетот до крајот на оваа година, средства за справување со шокот кој доаѓа од надвор, средства за поддршка на граѓаните и компаниите, а пред се најважно е да обезбедиме стабилност во снабдувањето со храна и енергенси“, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

Според него ова е потврда од Меѓународниот монетарен фонд за здравите и одржливи политики што ги носи Владата за време на изминатиот период во кој се соочуваме со криза, но и политиките кои се планирани во наредниот период, а се насочени кон забрзување на економскиот раст на среден рок.

Инаку, со донесената одлука од страна на Одборот на директори на ММФ, РС Македонија добива пристап до вкупно 530 милиони евра. Од тие 110 милиони евра ќе бидат повлечени веднаш и ќе се користат до крајот на оваа календарска година, а следната транша од 155 милиони евра ќе се користи во текот на 2023 година. Останатиот дел се обезбедуваат само како превентива и резерва на земјата.

Инструментот за претпазливост и ликвидност на ММФ е наменет за земјите членки на оваа меѓународна финансиска институција кои имаат докажани здрави економски основи и спроведуваат одржливи политики. Инструментот е воведен во 2011 година.

Можеби ќе ве интересира…

  • Biznispro.com
  • Вести +
  • Жена
Ова се сите неработни денови за новогодишните и божикните празници во 2023 година

Со доаѓањето на крајот на старата 2022 година, многумина се прашуваат кои се неработните денови кои следат во декември и јануари со цел да си го испланираат слободното и празнично… Прочитај повеќе

Ковачевски до Мицкоски: Не е храборст да се криеш зад Апасиев и да бараш предвремени избори затоа што си уплашен

Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев се совршена комбинација за хаос и деструкција, порача вечерва претседателот Димитар Ковачевски на граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Куманово. Ковачевски истакна дека… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе