13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
ЛОКАЛНО

Реакција на Општина Карпош

Реакција на Општина Карпош:

Објавениот договор за јавна набавка на услуги е годишен договор кој е дел од годишната програма за оперативни трошоци, за што се предвидени средства во Буџетот на општината за 2022 година. Како што е познато, буџетот за оваа година и програмите за работа се одобрени и изгласани од страна на советот на општина Карпош уште минатата година, кога и беа јавно објавени на веб страницата на општината за граѓаните да имаат увид во истите.

На еден месец пред крајот на годината, потрошени помалку од половината од предвидените средства кои всушност беа употребени за пречек на гости од збратимените општини по повод одбележувањето на 46 годишнината од формирањето на Општина Карпош.

Кога зборуваме за домаќинско и одговорно работење, треба да споменеме дека Општина Карпош е прва општина која воведе мерки за штедење на енергија за улично осветлување и таа одлука се покажа како исправна и навремена. Според мерењата на ЕВН, општина Карпош е лидер во Македонија по заштеда на енергија, која изнесува околу 50 проценти. До сега нема никакви индикатори за негативни ефекти од преземените мерки за штедење.

Општината е трета најтранспарентна институција во државата. Секој месец ги објавува сите трошоци и плаќања на веб страницата на општината. Градоначалникот не вози службено возило. Вози сопствено возило. За една година никаде не бил на службен пат. Не користи службен телефон. И за една година нема потрошено денар за репрезентација.

Спонзорирано: