25. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Државата застана на патот на „нефер профит“

Австриските нафтени и гасни компании ќе треба да плаќаат до 40 отсто данок на дополнителниот профит што го оствариле за време на војната во Украина.

Владата во Виена најави воведување специјален данок за оваа и следната година, што е веќе планирано во слична форма и во другите земји од ЕУ.

„Вонредните времиња бараат вонредни мерки“, рекоа вицеканцеларот Вернер Коглер и министерот за финансии Магнус Брунер. Скокот на цените на природниот гас и електричната енергија од почетокот на војната во Украина ги полни касите на некои компании, а ги празни други, на ниво што повеќе не е прифатливо, рече Коглер.

Тој додаде дека таканаречениот неправеден профит што го остваруваат некои компании е всушност „воена дивиденда“ и дека поради тоа треба да се воспостави правда за потрошувачите.

За пресметување на планираниот „придонес во енергетската криза“ ќе се земе предвид нивото на просечната годишна добивка во периодот од 2018 година зголемена за 20 отсто, пренесува Капитал.

Сè што ќе заработат нафтените и гасните компании над тоа ќе се оданочува со 40 проценти.

За компаниите кои инвестираат во обновливи извори на енергија, даночната стапка ќе се намали на 33 проценти.

Дополнително, државата ќе собира приходи од австриските производители на електрична енергија над одреден праг.

Тој праг ќе биде поставен на 180 евра за мегават-час или 140 евра за мегават-час доколку компанијата не инвестира во обновливи извори на енергија.

Државата ќе инкасира 90 проценти од приходите кои ја надминуваат границата од 180, односно 140 евра.

Со оваа давачка и дополнителен данок на добивка, австриската влада сака да финансира мерки за ублажување на последиците од високата стапка на инфлација за жителите и бизнисите.

Тој ги проценува очекуваните приходи меѓу две и четири милијарди евра.

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска во Загреб- Потпишан Меморандумот за разбирање и соработка насочена кон развој на пазарите на капитал во земјите од Централна и Југоисточна Европа

ДЕСК

По 17 години – нови правила за одобрување возила од 1 септември: Поевтино, побрзо и 1,3 милиони евра назад кај македонски компании

ДЕСК

ССМ со жестоко соопштение: Функционер со 150.000 денари плата или 2.500 евра плата му кажува на работник со 24.397 денари или 400 евра плата како нема да му ја зголеми платата и како добро се живее, веројатно за да не аздиса многу работникот

ДЕСК