18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски од Кичево: Само годинава се отворени над две илјади работни места во ТИРЗ

„Во првите десет месеци од годинава во компаниите во ТИРЗ се отворени над 2.000 нови работни места, а бројот на вработени за првпат се искачи над 16.000. Ова е зголемување за 16% за една година“ изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Кичево.

Тој додаде дека речиси секоја недела Владата објавува една до две нови инвестиции и фабрики, со што се подобрува стандардот на граѓаните.

„Заедничката инвестиција на Јангфенг и АРЦ Аутомотив, ја отворивме и втората фабрика на американската компанија ‘Кемет Електроникс’, канадската МАГНА во зоната во Струга и последна инвестицијата на компанијата од Турција, Текнопанел. Тоа се конкретните придобивки од менаџерскиот стил на работа, од вистинските социјалдемократски политики“ рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека освен инвестициите и пакетите мерки за најранливите категории на граѓани, Северна Македонија во изминатите 10 месеци успеа да направи и стратешки исчекор напред во евроинтеграциите.

„После 17 години во чекалната, започнавме преговори со ЕУ. За Македонците е важно што успеавме да го заштитиме македонски јазик и идентитет. На чекор сме да го оствариме сонот на нашите предци, желбите на многу генерации, да ја обезбедиме еднаш засекогаш иднината на младите“ рече Ковачевски и додаде дека треба да ја земеме иднината во свои раце и да тргнеме кон Европа, оставајќи подобар аманет за нашите деца.

Спонзорирано: