Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Бизнис

Анѓушев: Поборник сум на инвестирање во услови на економски кризи

„Кризите, покрај сите неповолности и ризици што ги носат, се и можност за поинакви почетоци, за нови инвестиции. Најлошото е ако застанете, ако се исплашите од последиците, ако ги затворите парите што инфлацијата неминовно ќе ги обезвредни. Поборник сум на инвестирања и во услови на инфлација. Во моите компании отворивме нови хали, машини, технологии, а во енергетиката фотоволтаици, биогасна електрана и друго“, вели еден од нашите  најуспешни стопанственици, професорот д-р Кочо Анѓушев во интервјуто за „СлободнаТВ“.

Општеството треба да се навикнува на успешни луѓе

„Видете кој сега стана премиер на Британија. Еден од најуспешните и најбогатите и таму никој не прави проблем од тоа. Ако очекувате некој да менаџира со владата и со процесите, таму треба да имате искусен човек. Како некој ќе менаџира со цела држава, ако дотогаш ништо слично не работел. Од друга страна, тој што претходно успешно менаџирал компании и процеси во бизнисот, нормално е да биде и добро ситуиран“, истакна Анѓушев.

Сè додека имам моја држава не гледам како некој може да ме асимилира

„Во врска со евроинтегративни проблеми Анѓушев вели дека ние мора да се поставиме прагматично. Еве, не гледам како некој ќе ме бугаризира. Не гледам како некој може да ме асимилира се додека имам моја држава. Ќе биде проблем ако немам моја држава, како што било помеѓу двете светски војни, па сите наши предци морале да се пишуваат или Срби или Бугари или не знам што. Само тогаш кога некој друг ви издава лична карта и пасош тој тогаш може да ве асимилира. Да не гледаме да дојдеме до таму“, вели Анѓушев.

Можеби ќе ве интересира…

  • Biznispro.com
  • Вести +
  • Жена
Нова цена на горивата – Се очекува поевтинување

Утре Регулаторната Комисија стандардно како и секој понеделник треба да донесе одлука за утврдување на нови цени на горивата, кои ќе важат од вторник. На светските берзи цените на нафтата… Прочитај повеќе

Денеска РКЕ ќе стокми нова цена на горивата

Денеска Регулаторната Комисија за Енергетика стандардно како и секој понеделник треба да донесе одлука за утврдување на нови цени на горивата, кои ќе важат од вторник. Во моментов бензините се… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе