23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
penov
МАКЕДОНИЈА

Пенов: За подземниот тунел на „Лимак“ ќе му помогнеме на Град Скопје

Новиот министер за локална самоуправа Рито Пенов во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 рече дека Владата ќе му помогне на Град Скопје да се доградат тунелите со кои се спојува булеварот „Македонија“ (Јужен булевар) со бул. „Кочо Рацин“ и поминуваат под објектот на Лимак.

Според поранешниот градоначалник на Град Скопје, кој веќе имаше средба со градоначалничката Данела Арсовска, најголем проблем ќе претставува западната страна каде што ќе има застој кај „Нова Македонија“.

– Ќе бараме пари, ќе се решава фаза по фаза, среќна околност е што поголемиот дел кон Кисела Воида е заврпшен, но технички најтешко е како ќе ја преминеме улицата Свц.Климент Охридски. Тука не е само техничкиот проблем, не се само парите, туку треба да се реши сообраќајот, Водњанска треба да биде неколку месеци затворена, ќе има директна блокада и Владата треба да најде решение, рече Пенов.

Пенов и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска претходно добија согласност од Арсовска за Министерството за култура целосно да ја преземе конструкцијата на Универзална сала, чиј проект подолго време е во застој.