Австралискиот министер за имиграција Ендрју Гилс ја укина тригодишната забрана на Ѓоковиќ за влез во земјата.
Оваа санкција му беше изречена на Ѓоковиќ откако минатиот јануари ги прекрши правилата на визниот режим, а во врска со задолжителната вакцинација против Ковид19.
Со оглед на тоа што во меѓувреме во Австралија се укинати сите ограничувања за влез во земјата од Ковид19, суспендирана е и забраната на Ѓоковиќ.
„Подоцна на г-дин Ѓоковиќ му беше одобрена привремена виза за влез во Австралија“, објави Гилс.
Тоа значи дека Ѓоковиќ во јануари ќе игра во Мелбурн каде ќе атакува на десеттата титула на Австралија опен.
Отвореното првенство на Австралија ќе се одржи од 16 до 29 јануари.