Centar.mk
ЛОКАЛНО

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија во Република Северна Македонија, неговата екселенција, Милан Предан

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија во Република Северна Македонија, неговата екселенција, Милан Предан.

На средбата се разговараше за локалниот развој но и за развојот на билатералните односи меѓу двете земји.

„Разговаравме за развој на локално ниво, продлабочување на соработката и пријателството меѓу нашата општина и Република Словенија, збратимување со која било од општините од оваа држава, можни инвестиции на компании со словенечки капитал во Гостивар и други теми од локален карактер. Разговаравме и за развојот на билатералните односи меѓу двете земји и за коректните активности што ќе бидат преземени во наредниот период за нашата земја за интеграција во ЕУ“, истакна градоначалникот Таравари по средбата.

На средбата, амбасадорот Предан изрази надеж дека Словенија преку своето искуство ќе и помогне на Северна Македонија успешно да го заврши преговарачкиот процес.

Можеби ќе ве интересира

Општина Карпош се залага за посилна институционална заштита и општество без насилство

ДЕСК

ДЕЛ ОД ОХРИД И ТРИ СЕЛА БЕЗ ВОДА – Дефект на главниот цевковод, прекинот започнал во 9 часот

ДЕСК

Започна големата еколошка акција „Зелена Општина Илинден“ – засадени декоративни садници во новиот парк во Дељадровци

ДЕСК