18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МОН: И во услови на криза потребите на студентите остануваат наш приоритет

И во услови на светска криза, за МОН и Владата потребите на студентите се приоритет. По вчерашната средба на која министерот за образование и наука Јетон Шаќири заедно со премиерот Димитар Ковачевски ги примија студентските претставници во Собрание за да ги слушнат потребите на студентите, од денеска МОН започнува активна комуникација со претставници на студентските унии со кои ќе се работи на заедничко изнаоѓање системски решенија за посочените предизвици.

-Вчера на заедничка маса ги ставивме барањата, предлозите и можностите, со што покажавме дека вратите на Собранието и другите институции се секогаш отворени за соработка, а ние, како претставници на тие институциите во нашата демократска земја сме секогаш достапни за заедничко креирање на политиките. Јас ќе бидам во постојана комуникација со работната група и тие ќе бидат дел од тимот со кој ќе работиме заедно – и за системското решение, и за подобри услови, и за сите други проблеми што ги имаат студентите. Одржана е средба на која е одлучено додека во меѓувреме се работи на креирање системски и трајни решенија, Студентскиот оброк по цена од 120 денари дневно ќе се исплаќа ретроактивно до март, посочува министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.

По тричасовната средба на министерот за образование и наука Јетон Шаќири и претседателот на Владата Димитар Ковачевски со студентските претставници одлучено е да се предложи нов Предлог – закон во кој ќе влезат условите од постојниот закон од 2021.

-Предлог-законот ќе биде во временски период од шест месеци, што значи ретроактивно од 15 септември и ќе продолжи до март и дотогаш ние ќе имаме временски рок на усогласување за новото системско решение кое ќе значи дека студентите ќе добиваат здрав студентски оброк и ќе се реализира исплатата на дневна основа. Во овој период се договоривме ретроактивно за вредноста што беше досега, со измените од 2021 година, а во наредниот период со системското решение сумата ќе биде повисока. Значи од март ќе биде повисока и тоа почнувајќи од 140 денари или според тоа какви ќе ни бидат анализите до тој период, вели министерот Шаќири.

На овој начин, ние како Министерство заедно со Владата само уште повеќе ја прошируваме праксата на заедничка соработка во креирањето на политиките.

Нема да биде дозволено носење на одлуки во спротивност на барањата на студентите. А во однос на барањето за подобрување на условите во студентските домови, МОН ќе интервенира почнувајќи од онаму каде што е најитно.

Од Германската банка за развојни политики веќе се добиени проекти во вредност од 24 милиони евра и дел од студентски домови се во одредени фази на подобрување на состојбата. Во периодот што следи во разговор со студентите ќе се направи план за менаџирање на новиот буџет со потребите.

Остануваме во активно – конструктивна комуникација со студентите, вратите од институциите се секогаш отворени, а студентите ќе останат вклучени во носењето на политиките.

Спонзорирано: