3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ЗНМ: Бараме итна и ефикасна истрага за напаѓачот на колегата Љубиша Игнатов

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара од Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага за денешниот напад кон нашите колеги од ТВ24.

Денеска, за време на снимање на инсерти за видеоприлог за потребите на телевизијата, вербално, а потоа и физички биле нападнати од страна на едно лице.

ЗНМ веднаш контактираше со снимателот на ТВ24 Љубиша Игнатов, и тој ни потврди за овој инцидент и ни даде конкретни информации дека: ,,Додека снимавме инсерти на ул. Пржино, куќа 28/б, во која според избирачки список живее Олександр Онишченко, сопственикот на куќата, извесен Миле, физички ме нападна откако упати пцости и погрдни зборови кон мене. Лицето замавнувајќи со лактот ме удри во пределот на главата и вратот”, изјави Игнатов.

Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи.

ЗНМ бара од Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот.

ЗНМ веднаш контактираше и со Скопското јавно обвинителство со обвинителката Искра Хаџи Василева, која е назначена за предмети поврзани со напади врз медиумски работници за понатамошно процесирање на случајот.

ЗНМ ќе ја следи истрагата и ќе инсистира на одговорност од страна на лицето кое физички го нападнал колегата снимател Игнатов и го спречил физички да ја изврши својата работа“, велат од ЗНМ.

Оттаму додаваат дела заканите по живот се кривични дела предвидени во Кривичниот законик а МВР и ОЈО треба итно да ги истражат и процесираат, со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина.

Спонзорирано: