Centar.mk
БИЗНИС

ММФ: Изгледите за светската економија се сè помрачни

Изгледите за светската економија денес се уште помрачни отколку во октомври, особено во Европа, предупреди Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Влошувањето на ММФ се припишува на заострувањето на монетарната политика со која централните банки се обидуваат да ја спречат тврдоглаво високата инфлација, како и слабиот раст во Кина, континуираните нарушувања во набавките и несигурното снабдување со храна поради руската инвазија на Украина.

Во октомври, меѓународниот заемодавател малку ја намали прогнозата за светскиот економски раст во 2023 година од 2,9 на 2,7 отсто.

Индикаторите потврдуваат дека изгледите се помрачни, особено во Европа, објави ММФ на блог пред самитот на Г-20 во Индонезија.

Индексите на менаџерите за набавка, кои ја мерат активноста во индустријата и услужниот сектор, сигнализираат слабост во повеќето големи економии од Г-20. Активноста оди кон негатива, а инфлацијата и натаму е висока, посочува ММФ.

Влошувањето на енергетската криза во Европа сериозно ќе му наштети на растот и дополнително ќе го стимулира растот на цените. Доколку продолжи периодот на висока инфлација, централните банки би можеле да ги зголемат каматните стапки повеќе од очекуваното, а условите за финансирање би можеле да се заострат.

Ова носи поголем ризик од должничка криза за ранливите економии, предупредува ММФ.

На овие ризици им се придружува фрагментацијата на глобалната економија и временските катастрофи, се заклучува во извештајот на ММФ.

Можеби ќе ве интересира

„Светот на Биби“ и DexyCo го претставуваат новиот анимиран серијал „The Toothstars“ наменет за глобалниот пазар

ДЕСК

Царина и Централен регистар: нема веќе одење во Царина за потврди за царински долг, Централен регистар со еден клик ги гледа електронски

ДЕСК

ССКМ :Ја поздравува одлуката со која данокот од 5 % останува при прва продажба на недвижности

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.