Васил Атанасов – обоа
Кохар Андониан – харфа, (Бугарија)
15.11.2022, 19:19 ч., Салон 19:19
Овој проект е несекојдневен и интересен бидејќи го реализираат познати уметници со меѓународна кариера, кој свират на два стари инструменти – обоата и харфата и опфаќа програма од стара барок музика, преку романтична, филмска, се до нова музика, обработки и македонски автори. Публиката ќе има можност да проследи два архаични инструменти кои многу одамна не се видени на нашата концертна сцена и ќе упати убава порака до младите таленти дека музичката уметност е магична и допадлива! Очекуваме одлична посетеност заради квалитетот на уметниците кои се познати во своите земји и пошироко, убава и избрана програма, и допадлива изведба за публиката од различни генерации.
П Р О Г Р А М А
• Аnonimus: Green sleeves
• Bach-Gounod: Ave Marija
• Anonimus: Lowe romance
• К.Salzedo: Song of the night
• B.Andre: Algues: 5 pieces for oboe and harp
• Е.Sattie: Gnoissenne 1
• B.Andres: Epices-Muscade,Pistashe,Cannela
• J.Jerman: Pastorales
(arr.V.Atanasov)
• Kалеш Анѓа: Народна
(arr.Vasil Atanasov)
• J.Rodrigo: Adagio from guitar Concerto”Aranjuez”
(arr. Atanasov – K.Andoniyan)
• J.Tomas: Minestreli
• A.Haselmans: Serenade melanholy
• A.L.Webber: Memory
(arr. Atanasov – Andonyan)
• Васил Атанасов В`чев: Песна и игра
(премиерна изведба)