Centar.mk
ЛОКАЛНО

Делегација на општина Битола на одбележување на денот на градот Цетиње

Делегација од општина Битола во состав заменик градоначалник Бојан Бојкоски и советниците Зоран Петковски и Алмир Адемоски, присуствуваше на настаните по повод одбележувањето на денот на градот Цетиње, Црна Гора.

За време на престојот во Цетиње, делегацијата присуствуваше на повеќе организирани настани по повод одбележувањето на денот на Цетиње, меѓу кои и на отворањето на изложбата под наслов „Екомитологија“, на која се претставија шеснаесет уметници од шест држави.

На 13.11.2022 (недела) по положувањето на венци во Спомен костурницата и во Влашката црква, се одржа свечената седница на Собранието на град Цетиње по повод одбележувањето на 13 Ноември, Денот на град Цетиње.Свечената седница се одржа во присуство на голем број државни функционери од Црна Гора, дипломатскиот кор и претставници на збратимените градови Цетиње и други градови и општини од Црна Гора.

Претставниците на општина Битола остварија средба и со градоначалникот на Цетиње Никола Ѓурашковиќ, на која ја потенцираа заедничката заложба за продлабочување на соработката помеѓу двата градови во наредниот период.

Можеби ќе ве интересира

СКОПЈЕ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА: Потпишан меморандум за култура, туризам и „Скопје 2028“

ДЕСК

Герасимовски: Најстроги санкции по свлечиштето на „Теодосиј Гологанов“, нема толеранција за несовесни инвеститори

ДЕСК

Општина Илинден потпиша договор за реконструкција на регионалниот пат Илинден – Јурумлери

ДЕСК