Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Богоевски во „Само вистина“: ВМРО-ДПМНЕ ги држи преговорите за членство во заложништво

Што направи ВМРО-ДПМНЕ за евроатлантските интеграции, прашува поранешниот пратеник Павле Богоевски во гостувањето во „Само вистина“. Тој кажа дека оваа партија моментално блокира уставни измени кои ќе овозможат преговори за членство во Унијата, со цел да промени Договор со Бугарија.

-Ајде ние сега да ги започнеме преговорите за членство, па после кога некогаш ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт нека издејствува промена на Договорот со Бугарија. Нашите преговори со Унијата ги држите во заложништво, мислејќи дека Европа ќе го промени ставот на Бугарија. Тоа нема да се случи, рече Богоевски.

Според него, треба да се најде двотретинско мнозинство за уставните измени.

-Очекувам да биде неизвесно до последен момент, но верувам дека ќе се најде мнозинство. Има доволно време да се изнесат аргументите. Ако не се изнајде мнозинство – да, ќе биде фатално, бидејќи на хартија тоа ни е единствениот услов, кажа Богоевски.

Можеби ќе ве интересира

Променливо облачно време со температура од 11 до 18 степени

C +

СДСМ: Владата избра луксуз за себе наместо покачување на платите на работниците

C +

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +