Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Абази: Се откажувам од членувањето во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители и барам Советот да ја измени одлуката

Јавниот обвинител Ислам Абази се заблагодарува на довербата што Советот на јавните обвинители му ја укажа, назначувајќи го за член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Абази ќе достави барање до Советот на јавните обвинители да го повлече предлогот за негово назначување во Управниот одбор.

„Како што истакнав и во моето првично обраќање до јавноста, мојата сопруга во моментов е слушател на Академијата за судии и јавни обвинители. Со оглед на тоа што таа е пред завршување на Академијата, не сакам да падне било каков сомнеж во објективноста при спроведувањето на завршниот испит и оценувањето. Затоа се откажувам од членувањето во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители и барам Советот да ја измени одлуката “ – истакнува Абази во барањето што ќе го достави до Советот на јавните обвинители.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА: Утре дожд и силен ветер, а од петок нова промена на времето – детална четиридневна прогноза

ДЕСК

СЕ ВРАЌА ПОСТУДЕНОТО ВРЕМЕ – Утре ветер над 60 километри на час, можен снег на повисоките планини

ДЕСК

Отворени Деновите на медиумска писменост 2026

ДЕСК