Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ОСМАНИ НА ВИЛНУС ФОРУМ 2022

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, за време на официјалната посета на Литванија во рамки на Балтичката турнеја, учествуваше на Вториот форум на високо ниво за иднината на демократија, што се одржува во Вилнус, на покана на министерот за надворешни работи Република Литванија, Габриелиус Ландсбергис.

Министерот Османи имаше свое обраќање на првиот ден од Форумот на панелот под наслов „Што ќе ја замени раздробената глобална безбедносна архитектура“, модериран од министерот Ландсбергис. Осврнувајќи се на темата, Османи подвлече дека руската инвазија на Украина, како очигледно кршење на меѓународното право, отворено го предизвикува самиот концепт на мултилатерализмот како основа на безбедносната архитектура.

„Евроатлантската интеграција е најдобрата алатка за спречување конфликти и злонамерно влијание од трети страни како успешна безбедносна политика, симболизирана со историскиот успех на политиката на отворени врати на НАТО и политиката на проширување на ЕУ“, заклучи Османи.

Форумот Иднината на демократијата се одржува во Вилнус втора година по ред и претставува меѓународна конференција на високо ниво како претходница на Самитот за демократија, под покровителство на претседателот на САД, Џо Бајден.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК