Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Лукаревска: Некоректно е само пред избори, одиме на трибини да ги слушнеме мислењата на граѓаните

„Би било некоректно доколку само пред избори одиме на средби и бараме поддршка од граѓаните. Преку овие граѓански трибини гледаме до каде сме, дали правиме грешки и дали ги исполнуваме очекувањата“ рече заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во „Студио 10“ на ТВ24.

Таа додаде дека на граѓанските трибни се разговара за сите теми кои ги засегаат грааѓните и дека присутните поставуваат доста прашања.

„Не сакаме да одиме на трибини и да слушаме дека сме најдобри, сакаме да слушаме и критики. Има прашања за енергетската криза, за економијата, за францускиот предлог и слично. Тоа се таргетите на кои најмногу обрнуваат внимание присутните“ кажа Лукаревска.

Заменик-претседателката на СДСМ кажа дека по завршувањето на граѓанските трибини ќе се направи анализа од прашањата и мислењата на граѓаните за да се креираат политиките во иднина.

Можеби ќе ве интересира

РЕФОРМИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАВРШНИЦА – Мицкоски очекува најголемиот дел да биде заокружен до крајот на годината

ДЕСК

ОБРАЗОВАНИЕТО ПРЕД НОВИ ПРОМЕНИ – Јаневска вели дека се реализирани над 75 проценти од реформите

ДЕСК

Милошоски: Улогата на Врховниот суд на дава придонес во владеењето на правото

ДЕСК