Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од две години

Денеска (07.11.2022) во 11.50 часот на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.М. од с.Горно Чичево, општина Градско, со живеалиште во Скопје. Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК ПРЕД СУД – Се бара усогласување на 140-те денари со инфлацијата

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Банкротирањето на Еуростандард банка во време на СДС е класичен пример дека СДС и Филипче сакаат банки да пропаѓаат, граѓаните да останат без своите пари, а државата ништо да не направи

ДЕСК

ВЛАЖНИ ПАТИШТА И ОПАСНОСТ ОД ОДРОНИ – АМСМ со предупредување за возачите

ДЕСК