Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Oсмани и новата амбасадорка на САД: Нашите односи се засновани на традиционално пријателство

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со новоименуваната амбасадорка на САД, Анџела Прајс Агелер, по повод предавањето на копиите од акредитивните писма.

На средбата министерот Османи изрази уверување дека со нејзиното искуство амбасадорката Агелер ќе придонесе кон понатамошно продлабочување на билатералните односи и зајакнување на соработката.

Во билатерален контекст, соговорниците го поздравија развојот на севкупните односи, засновани на традиционално пријателство и споделени демократски вредности.

Османи ги нагласи првичните резултати кои произлегуваат од Стратешкиот дијалог со САД, како ново поглавје во односите и надградба на стратешкото партнерство, како и посветеноста за дефинирање на идните активности кои имаат за цел понатамошно поттикнување на реформските процеси и демократски развој на државата.

Дополнително, Османи се заблагодари за континуираната американска помош за нашиот евроинтегративен процес, како значаен влог во зачувување на стабилноста и целокупниот регионален напредок.

Воедно, стана збор за силното сојузништво меѓу двете земји во рамки на НАТО-алијансата, со посебен акцент на руската воена агресија во Украина, како и за идното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК