14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка во Скопје: Повеќемина повредени

На 05.11.2022 во 14.45 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосница од бул.„Босна и Херцеговина“ со улиците „Бутелска“ и „Ќемал Сејфула“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Р.(54) од с.Љуботен, скопско и патничко возило „сеат кордоба“, управувано од М.П.(67) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила О.Р.(55) од Скопје, сопатничка од возилото „сеат кордоба“, а возачот А.Р, сопатничка од возилото „фолксваген“, С.Р.(47) од с.Љуботен и сопатничка од возилото „сеат“, П.П.(64) од Скопје, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Спонзорирано: