Centar.mk
БИЗНИСвест

Андонов: Струја ќе има за сите, ликвидноста на ЕСМ е осигурана

ЕСМ целосно го реализираше својот план за производство на електрична енергија заклучно со крајот на октомври целосно, во износ од 100 проценти, открива владиниот советник за енергетика Виктор Андонов. Тој на прес-конференција во Владата истакна дека било планирано да се произведат вкупно 3.034 гигават часови на електрична енергија, а биле произведени 3.039 гигават часови на електрична енергија.

-Произведен е и некој гигават час на електрична енергија повеќе од предвиденото.
Повторно ќе потенцирам дека со ова 100 посто беа задоволени потребите на потрошувачката на електрична енергија на регулираниот пазар односно за домаќинствата и малите потрошувачи согласно ветувањето на Владата, рече Андонов.

Според него граѓаните треба да бидат спокојни, бидејќи финансиски средства се обезбедени, а ликвидноста на
АД ЕСМ е осигурана.

-Струја ќе има за сите во текот на оваа зима.
Редовно ги споделуваме со вас сите релевантни информации кои се однесуваат на енергетската криза. Енергетската транспарентност е врвен приоритет во справување со кризата. Состојбата во цела Европа е комплексна и секоја земја ги бара најоптималните решенија, заклучи Андонов.

Можеби ќе ве интересира

МФ: „Фич“ го задржа кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед: Потврда за одржлива економска стабилност и доверба во економските политики

ДЕСК

Mozzart продолжува со Театар на хуманост: Донација за „Банка за Храна“ носи билет за „Ивона, принцезата на Бургунд“

ДЕСК

Досега се откупени околу 30.000 тони млада зелка

ДЕСК