Centar.mk
ЛОКАЛНО

Започнува реконструкција на 36 мостови низ Скопје

Град Скопје во соработка со Јавното претпријатие Улици и патишта отпочнува со проект за санација на 36 мостови, надвозници и пешачки натпатници кои се во надлежност на Град Скопје.

Дел од мостовите и натпатниците како повеќедецениски предизвик и покрај потребата не се санирани, а неопходна е реконструкција на коловозот, тротоарите и оградите, со што значително ќе се придонесе за зголемување безбедноста.

Отпочнуваме со системско следење на надлежностите, затоа што за овие инфраструктурни објекти неопходен е континуиран мониторинг со цел навремено санирање и редовно одржување, информираат градските власти.

Можеби ќе ве интересира

Продолжуваат градежните активности за изградба на нова училишна зграда при ООУ „Гоце Делчев“ во општина Илинден

ДЕСК

ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ И ОКОЛИНАТА – Објавени точните улици и часови на планираните прекини

ДЕСК

ОВАА ОПШТИНА СО ПО 5.000 ДЕНАРИ ЕДНОКРАТНА ПОМОШ ЗА ОДРЕДЕНА КАТЕГОРИЈА НА ГРАЃАНИ – Отворено пријавување до 20 ноември

ДЕСК