25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Нефрон Душко Ѓоргиев по повод Европскиот ден на органодарителство од името на сите трансплантирани пациенти и донори на органи на директорот на клиниката воедно и шеф на тимот за трансплантација Проф.др Сашо Дохчев му врачи Плакета со благодарност за долгогодишната соработка и посебен придонес во трансплантацијата на бубрези во Македонија

Во склоп на активностите за одбележување на Европскиот ден на органодарителство претставници на Здружението на бубрежно болни граѓани Нефрон на ден 4.11.2022 год. ја посетија Универзитетската Клиника за урологија каде се изведуваат трансплантациите на бубрези.
Претседателот на Нефрон Душко Ѓоргиев по повод Европскиот ден на органодарителство од името на сите трансплантирани пациенти и донори на органи на директорот на клиниката воедно и шеф на тимот за трансплантација Проф.др Сашо Дохчев му врачи Плакета со благодарност за долгогодишната соработка и посебен придонес во трансплантацијата на бубрези во Македонија.

Во моментот на посетата на клиниката се хоспитализирани двајца пациенти со трансплантирани бубрези на возраст од 37 и 38 години. Трансплантациите им се извршени во текот на октомври месецот на органодарителство на 12 и 26 октомври и двете во рамки на редовната програма за трансплантација на бубрези од жив сроден дарител. Претходно, во месец септември покрај редовните трансплантации од сроден дарител се направија и трансплантации од кадавер.

Џ.А. (37) и Б.Б. (38) по операцијата се чувствуваат добро. Во следните денови ќе бидат пуштени на домашно лекување. Претходно и двајцата биле на дијализа. И во двата случаеви донори на органи се нивните татковци на возраст од 65 и 60 години.
Здружението Нефрон им врачи Благодарница “Донор-херој’’ на дарителите на органи за нивниот херојски чин со дарување орган да спасат живот! На трансплантираните лица им посакаа побрзо закрепнување и добро здравје во периодот кој следи. Претседателот на огранокот за трансплантирани Сашо Т. и Кирил Ј се дел од активиститите на здружението Нефрон кои се трансплантирани и одлично рехабилитирани и во оваа прилика ги посетија новотрансплантираните пациенти во знак на поддршка, несебично ги споделија со нив своите искуства, совети, охрабрување и добри желби.

На средбата со директорот и главната сестра на клиниката се разговараше за можностите за зголемување на бројот и унапредување на трансплантациите. Се изврши посета и увид на состојбата на Центарот за трансплантација на бубрези кој во моментов е надвор од функција и е констатирано дека неговото реновирање и проширување е неопходно и итно како основен предуслов за реализација на програмата за трансплантација.

Со овој гест здружението Нефрон уште еднаш ја потврди својата хуманост и поддршката која ја дава на пациентите со бубрежни заболувања. Преку ширење на добри и позитивни приказни за дарувањето органи и трансплантација придонесуваме кон едукација и јакнење на јавната свест за дарување органи со цел да се спаси нечиј живот.