Centar.mk
БИЗНИС

Маск отпушти илјадници вработени на „Твитер“

Илон Маск почна да дели масовни откази во Твитер со испраќање мејлови до вработените.

Во мејлот до вработените, Твитер соопштува дека неговите канцеларии ќе бидат привремено затворени и сите пристапи ќе бидат суспендирани за да се обезбеди сигурност на секој вработен, како и системот на Твитер и корисничките податоци.

Во пораката се наведува дека денеска им е последен работен ден во компанијата, но оти ќе останат вработени и ќе добијат надомест до 2 февруари 2023 година. До тој ден ќе бидат под отказен рок и со суспендиран пристап до сите системи на Твитер. Иако од нив не се очекува да работат во овој период, тие мора да ги почитуваат сите правила на компанијата.

Поранешните вработени ќе добијат детали за понудата за отпремнина во рок од една недела, се вели во мејлот и се додава дека секој вработен ќе добие порака дали е отпуштен или останува да работи.

Многу поранешни вработени напишаа на Твитер дека добиле отказ. Многумина најавија и тужби.

Можеби ќе ве интересира

МФ: „Фич“ го задржа кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед: Потврда за одржлива економска стабилност и доверба во економските политики

ДЕСК

Mozzart продолжува со Театар на хуманост: Донација за „Банка за Храна“ носи билет за „Ивона, принцезата на Бургунд“

ДЕСК

Досега се откупени околу 30.000 тони млада зелка

ДЕСК