25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Петровска: Годинава 106 милиони долари од САД, 10 милиони евра од ЕУ за модернизација на Армијата

„Една придобивка од процесот на европската интеграција е дека се отвораат нови фондови во делот на одбраната“, изјави министерката Петровска во денешното гостување во „Студио 10“ на ТВ24, истакнувајќи дека 10 милиони евра од Европскиот мировен фонд се достапни за Министерството за одбрана за купување на различен вид на опрема.

Во контекст на сојузничката поддршка од Соединетите Американски Држави, Петровска информираше за вкупниот износ кој Северна Македонија го има добиено годинава од САД за процесот на опремување и модернизација на Армијата.

„Гледате за колку кратко време, колку сме ценети од нашите стратешки партнери, САД за помалку од 10 месеци донесоа одлука за финансиски средства од вкупно 106 милиони долари, поддршка за процесот на модернизација на Армијата“, потенцираше министерката Петровска, објаснувајќи дека не станува збор за заем или кредит кој ќе треба да го вратиме.

Овие средства дополнително ќе го зајакнат капацитетот на Армијата за модернизација – процес за кој се предвидени над 30% од буџетот за одбраната за 2023 година.