12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Антонија Гиговска блесна во креација на ЗЕРО потпишана од Огнен Анѓушев

Младата пејачка сензација Антонија Гиговска блесна во луксузна, светло сина креација со дијамантски сјај од модната куќа ЗЕРО, потпишана од модниот дизајнер Огнен Анѓушев.

Убавината и природната харизма на Антонија одлично се надополнија со смелиот италијански шарм и префинетата елеганција на вечерниот фустан, кој ја постави нашата млада ѕвезда во центарот на вниманието на прославата на 15-годишнината од најпознатиот телевизиски моден магазин „Бекстејџ“.

Антонија со задоволство ги носи моделите на ЗЕРО и беше една од првите наши јавни личности кои беа вклучено во промотивната кампања и продолжија да уживаат во новите креации на куќата ЗЕРО.

Брендот го води младиот дизајнер Огнен Анѓушев, кој неодамна заврши моден дизајн во Милано, на еден од најдобрите универзитети за мода во светот, Институтот Марангони.

Спонзорирано: