Centar.mk
БИЗНИС

ЕВРОПА ЈА ОЧЕКУВА НЕИЗВЕСНА ЗИМА: Одредени земји веќе ги користат резервите на гас од складиштата

Некои европски земји веќе почнаа да ги користат резервите на гас од своите магацини, соопшти руската компанија „Гаспром“.

Во соопштението се наведува дека оптоварувањето на европските подземни складишта за гас оваа зима ќе биде значително поголемо во однос на претходните години, поради промените во логистиката и изворите на снабдување со гас.

– Според Гас Инфраструктура Европа, резервите на гас во европските подземни складишта се надополнети со 68,6 милијарди кубни метри до 30 октомври. Но, и достигнувањето на максималното ниво на резерви нема да гарантира сигурен учинок во наредниот есенски и зимски период – се нагласува во соопштението.

„Газпром“ нагласува дека поради промените што се случија во логистиката и изворите за снабдување со гас на европскиот пазар, оптоварувањето на европските подземни складишта за гас ќе биде значително поголемо од претходните години.

– Треба да се напомене дека некои земји веќе почнаа да ги користат резервите на гас од складиштето – се истакнува во соопштението.

Осврнувајќи се на ситуацијата во Украина, „Газпром“ додава дека и претставници на Украина признале дека полнењето на магацинот „е можно само во теорија“.

Можеби ќе ве интересира

NVIDIA СЕ СООЧУВА СО НОВА КРИЗА – Управниот одбор разгледува чувствителни обвинувања

ДЕСК

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЌЕ ПОМАГА ВО СОЗДАВАЊЕ ЛЕКОВИ – Нов инвестициски фонд

ДЕСК

ANTHROPIC СЕ ПОДГОТВУВА ЗА БЕРЗАТА – Компанијата би можела да вреди над 1.400 милијарди долари

ДЕСК