Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен разбојник од Скопје, расчистени повеќе кривични дела

На 31.10.2022 во 13.15 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.П.(36) од Скопје. Тој се сомничи дека во текот на септември и октомври 2022 година извршил повеќе кривични дела „разбојништво“ во аптеки во Скопје и една „тешка кражба“ во обид во стан.

Лицето било задржано во полициска станица и по преземени мерки, во координација со Јавен обвинител, биле расчистени разбојништва што ги сторил во три аптеки, а се преземаат мерки за расчистување и на останатите кривични дела.

По целосно расчистување и документирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Струга се гради и развива, Владата продолжува со инвестиции тука

ДЕСК

Велигденските цени се доказ дека народот во Македонија веќе не ни преживува, тврди Левица

ДЕСК

Уставниот суд поведе постапка за Колективниот договор за култура и член 78-љ од Законот за култура

ДЕСК