Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МОН: Надминат е предизвикот со превозот на учениците од Визбегово, правото на образование не смее никому да биде попречено

Правото на образвание е основно човеково и уставно загарантирано право, така што ниту една причина не може да биде доволно издржана за истото да не се реализира. Секој предизвик може да се надмине со добра соработка помеѓу институциите на системот, а токму тоа денеска го потврдија Министерството за образование и наука и општините Бутел и Чаир.

На координативен состанок помеѓу министерот за образование и наука Јетон Шаќири и градоначалниците на двете општини Дарко Костовски и Висар Ганиу, денеска надминат е предизвикот со кој се соочија дел од учениците од Визбегово, кои, во недостиг на училишен објект во местото на живеење посетуваат настава во други училишта на територијата на овие две општини, а поради прекин на организираниот превоз, изминатите денови се снаоѓаа индивидуално за да стигнат до своите училници.

По конструктивна дискусија и изнесување низа предлози и сугестии за надминување на ситуацијата, Општина Бутел веќе го финансира организираниот превоз од Визбегово до ООУ “Исмаил Ќемали”, а Општина Чаир ќе продолжи да го финансира организирањето на превозот за учениците од Визбегово до ООУ “7 Марси” до крајот на учебната година.

Во меѓувреме МОН работи на трајно решение, преку вложување во образовната инфраструктура, односно изградба на целосно нов, современ училишен објект во Визбегово, каде од следната учебна година основците од оваа населба ќе го продолжат своето образование и повеќе нема да имаат потреба од превоз.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК