Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
БИЗНИС

МТСП: Во тек е етапната исплата на октомвриските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 31.10.2022 година (понеделник) започнува етапната исплата на пензиите за месец октомври, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 31.10.2022 година (понеделник);
За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 01.11.2022 година (вторник);
За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 02.11.2022 година (среда), и
За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 03.11.2022 година (четврток).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 31 октомври (понеделник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Можеби ќе ве интересира

Убава вест за пензионерите: Оваа наша банка веќе ги исплати пензиите ПРЕДВРЕМЕ! Важни се луѓето!

ДЕСК

Загрижувачки податоци: Над 11 илјади ДДВ обврзници или не поднеле ДДВ пријави или не го платиле данокот кон државата

ДЕСК

Уште три дена шанса за МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 500 ЕВРА! – Еве зошто од следната недела власта нема да има можност да го корегира минималецот речиси до крајот на годинава

ДЕСК