„Направивме историски исчекор, го потпишавме договорот со Фронтекс, првиот документ со Европската Унија на официјален македонски јазик, чист, без фусноти, без ѕвездички и додавки. Македонскиот јазик го идзигнавме на исто рамниште со сите јазици во Европската унија“ изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски од граѓанската трибина во Крива Паланка
Тој додаде дека за прв пат имаме договор кој што е одобрен од сите 27 членки, каде што сме ставиле потпис на договор на кој што стојат имињата и јазиците на сите земји членки на ЕУ.
„Ама ако јас бев најсреќниот човек тој ден, Мицкоски не беше. Овие од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, што ширеа лаги на ниво на хистерија, што организираа насилни протести, палеа знамиња на ЕУ пред Влада и велеа дека ќе го изгубиме идентитетот и јазикот се обрукаа. Сите, буквално сите нивни лаги и манипулации се потонати во вода и затоа сега никаде ги нема“ рече Ковачевски.
Премиерот додаде дека сега тие немаат доблест ниту да му честитаат на народот, на граѓаните за овој успех, но кажа дека сигурно ќе ги видиме пак кога ќе смилат нови лаги или нови обиди како да ја закочат државата.