Македонија забрзано оди кон економски колапс. Светска Банка прогнозира најнизок раст на македонската економија во споредба со земјите од Европа. Единствено полоши прогнози имаат Украина и Русија. Македонската економија е во сериозна опасност да западне во рецесија и со тоа да се загрозат илјадници работни места, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека граѓаните во Македонија со власта на Ковачевски се соочуваат со највисока стапка на инфлација во споредба со сите земји од регионот. Стапката на инфлација достигна 18,7%, а основните трошоци за живот се поскапени од 50 до 100%. Ваквата стапка е двојно повисока од европскиот просек, што покажува дека инфлацијата не е во целост увезена, туку е предизвикана од неспособноста на оваа власт.
За година и пол затворени се преку 12 илјади компании, а уште илјадници други се пред ставање клуч на врата, бидејќи плаќаат наскапа струја во споредба со регионот, поради што нивната конкурентност е доведена во прашање.
Економските параметри се кои од кои полоши. Власта на Ковачевски за да ја закрпи екомонската катастрофа и да купат некој месец, спремни се да земаат кредити под многу неповолни услови. За еден таков кредит од 100-тина милиони евра превземаат обврски да ги затворат двата клучни капацитеи во енергетиката, РЕК Битола и Осломеј и на тој начин освен што може да останат без работа 4 илијади директно вработени, туку и се загрозува енергетскиот суверенитет на Македонија. Енергетскиот суверенитет на Македонија се загрозува и со намерата ХЕЦ Тиквеш да се даде како мираз за изградбата на Чебрен, односно една веќе изградена и исплатена хидроцентрала која евтино произведува струја за домаќинствата да се подари на друг и тој некој друг потоа преку ХЕЦ Тиквеш да го финансира проектот Чебрен.Ова покажува дека оваа власт е предводена од кусогледи политичари. Впрочем заради нивната кусогледост денес се соочуваме со енергетска криза како ниедна друга земја, без обезбедени енергенси во пресрет на зимата и со половични производствени капацитети, се вели во соопштението.