Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тупанчески: Институциите имаат механизми за испитување на потеклото на имотот

Министерот за правда Никола Тупанчески смета дека постојат начини и механизми како да се утврди потеклото на имотот.Идејата за нов Закон за потекло на имот никогаш не била најавувана од страна на министрите за правда во изминативе години туку иницијално доаѓала од вицепремиерите за борба против корупцијата.,, Без оглед на статусот што го имате во општеството,секој треба да се одговара според она што го направил.Неслучајно го спомнав Кривичниот законик кој не е само за ЈО и за судот.Има и други институции кои што би требало да ја утврдуваат противправноста на имотот.Улога треба да има и Антикорупциска комисија.Кривичното дело 359а кое се однесува на противправно стекнување и прибарување имот ,предвидува казна затвор од најмалку 5 години затвор“,рече Тупанчески во вечерашната дебата на 24 Анализа во која гостуваше и членот на ДКСК Владимир Георгиев.

Можеби ќе ве интересира

До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

C +

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +