25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Boksy.mk – Првата детска апликација за читање и слушање книги во Македонија!

Како да ги поттикнете децата да читаат повеќе книги, а времето поминато пред екраните на мобилните уреди да биде корисно, едукативно и забавно?

Од денес, многу лесно! Ви ја претставуваме Бокси, првата детска апликација за читање и слушање книги.

Истражувањата во светот, покажуваат дека младите се помалку читаат традиционални книги, а се повеќе претпочитаат дигитални платформи, како што се развива и технологијата. Ваквите навики се сѐ поприсутни и кај децата кај нас и токму затоа, млад тим ентузијасти ја создаде „Бокси“, првата детска апликација во Македонија за читање и слушање книги. Искуствата со овој модел кој е успешно применет на нордискиот пазар покажуваат подобрување на читачките навики на најмладите и љубовта кон книгата. Следејќи го овој пример „Бокси“ на иновативен начин ја збогатува македонската детска литература.

Преку стотици е-книги и аудио книги достапни на македонски, англиски и албански јазик, апликацијата прави креативен спој помеѓу учењето и забавата за децата уште од најмлада возраст од 3 па се до 16 години.
Најзабавните македонски наслови се дел од библиотеката на Бокси и бројот континуирано расте. „Светот на Биби“, забавни сликовници, авантуристички приказни, едукативни книги, басни, поучни четива од светот на животните, „Стела и Сани“, „Дневникот на едно шмокле“, „Ешка и Ешко“, „Јазовецот Итре“, „Мимбо Џимбо“ и уште многу други книгички можат да се пролистаат на Бокси.
Апликацијата е направена за да го разубавува светот на најмладите и конечно да ја разбуди љубовта кон литературата и читањето. Бокси претставува спој помеѓу светот на игрите и светот на книгите. Во апликацијата дечињата можат да одберат свој аватар и да го уредуват со паричките собрани од секоја прочитана книга. Има еден мал куп на аксесоари / додатоци за аватарчето. Прочитаните книги им носат парички со кои што можат да добијат многу награди како Робакс картички, карти за кино и зоолошка, играчки и безброј други радости.
Покрај книгите, за развивање на интелектот и љубопитноста на децата во оваа апликација ќе бидат достапни и едукативни квизови, како и можност за натпреварување со другарчиња.

-Македонската детска литература сега ќе е на дофат на децата, збогатена со многу забавни содржини и можности за гејмификација. Со тоа ќе им овозможиме на децата да градат подобри односи со книгите и да стекнат корисни навики за повеќе читање, вели Димитар Најденов, еден од основачите на Ретинг, компанијата која што ја создаде Бокси.

Сѐ почна од едно прашање, Како да го направиме времето поминато пред екрани корисно за децата? Знаевме дека мора да има поубав и поинтересен начин да ги донесеме книгите поблиску до детскиот свет. И така и ја создадовме Бокси, со огромна љубов и инспирација од моменталните иновации. Додава Ивана Каралиева Петреска, ко-основач на Ретинг.

Развојот на мобилната апликација „Boksy“ е поддржан од Фoндот за Иновации и Технолошки развој а истата е веќе достапна и може да се преземе од App Store & Play Store. Компатибилна за мобилен телефон и таблет. Корисниците ќе може да се претплатат и за само 199 денари месечно да уживаат во дигиталната библиотека и игрите.