Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Одбележување 50 години творештво на Васил Тоциновски во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија

На 2 ноември (среда) во 19:30 часот во Народниот театар во Гевгелија во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, ќе се одржи Одбележување на 50 години творечка кариера на македонскиот писател, книжевен историчар и критичар проф. д-р Васил Тоциновски.
За творештвото на проф. д-р Васил Тоциновски ќе зборува проф. д-р Славчо Ковилоски.

Настанот, под покровителство на Општина Гевгелија, ќе биде отворен од директорот на библиотеката м-р Стефан Марковски и истиот е во рамки на Програмата за чествување на 7 Ноември – денот на ослободувањето на Гевгелија.

Проф. д-р Васил Тоциновски е меѓу најплодните современи македонски автори. Неговото дело се врзува за маркантниот опус сочинет од над 120 книги од сите области, од кои 65 дела од областа на белетристиката и науката, 66 редакции и избори од македонското книжевно и публицистичко наследство и 22 енциклопедии, учебници, прирачници и зборници, каде се јавува како автор или коавтор. Во домашната и странска периодика публикувал над четиристотини книжевно-историски студии и над 650 есеи и критики. Тоциновски има фундаментален придонес за развојот на македонската книжевна историја, особено проучувањето на македонскиот книжевен 19 век, откривањето и дефинирањето на улогата на поединечни дејци, како Атанас Раздолов, Богдан Сираков и други, како и историјата на македонскиот литературен кружок во Софија. Добитник е на голем број значајни награди за своите достигнувања во науката и книжевноста. Бил професор на 1244 студенти по македонистика на Филозофскиот факултет во Риека, ментор на голем број трудови посветени на македонската литература, јазик и култура. Тој е актуелен секретар за активности во земјата на Друштвото на писателите на Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Дина Јашари со концерна промоција на албумот „Растенија без корен“ во Скопје

ДЕСК

Доделување на наградата „Оливера Николова“ и промоција на победничкиот роман „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски

ДЕСК

„Матица македонска“ ја објави „Овие тивки, темни води“ од Кристина Мекдоналд, авторката на „Ноќта кога Оливија падна“, најпродаваната книга според USA Today

ДЕСК